6.     Професионален и кариерен развој на воспитно-образовниот кадар

  • Детектирање на потребите и приоритетите

Потребите и приоритетите произлегуваат од детектираните состојби од самоевалуацијата, интегралните евалуации и новините и насоките дадени од Министерството и основачот кои ја утврдуваат и Процедурата за избор на наставници за професионален развој.

 

  • Активности за професионален развој

Се планира организирање на обуки, семинари, работилници од кои имаат потреба наставниците, се определуваат ментори на наставниците почетници, се изготвуваат акциони планови за истите, се врши дисеминација од проектите, се подготвуваат извештаи, се прави евалуација и од неа произлегуваат наредните приоритети за професионален развој.

 

  • Личен професионален развој

Се планира поединечното следењето и напредувањето на наставниците, нивното вреднување преку однапред подготвени интерни критериуми, мотивирање на наставниците за постојано посетување на семинари и обуки за стекнување на сертификати, вреднување (интерно и преку екстерното оценување на учениците) следење на сите субјекти во училиштето за нивно поуспешно учество во конференции, регионални средби, пишани рубрики или статии во стручна литература и др.Се планира активно учество на наставнците и вработените на понудени обуки од еколошката програма како и други обуки соодветни на дејноста. За секој наставник согласно законските регулативи се води Професионално досие.

 

  • Хоризонтално учење

Ќе се реализира преку различни видови на организирање и пренесување на знаењата или размена на професионално искуство, во рамки на стручните активи, организирање на отворени часови, работилници активности на стручните служби, училишни тимови на проекти и наставници поединци според нивните можности и афинитети.

 

  • Кариерен развој на воспитно-образовниот кадар

Кариерен развој на воспитно-образовниот кадар ќе се реализира согласно Законските одредби и Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето  за напредување во звање наставник-ментор, наставник-советник, стручен соработник-ментор и стручен соработник-советник.

7.     Соработка на основното училиште со родителите/старателите

  • Вклученост на родителите/старателите во животот и работата на училиштето

Советот на родители има изготвена програма за работа, врши детектирање на состојбите во училиштето од типот на потребни дефекти и поправки на инвентарот и подобрување на

 

 

условите за работа, дава идејни планови за организација на активности во училиштето. Учествува во донесување на решенија и одлуки во интерес на сите субјекти во училиштето и нивна реализација, Училиштето организира распоред за средби со родители има отворен ден за прием, истите се истакнати на огласна табла, се чита соопштение, се објавува на официјалниот ФБ профил.Отворен ден е секој четврток после тромесечие од 18 односно 17 часот зависно од зимското или летното сметање на времето. Со претходно информирање на родителите

  • Вклученост на родителите/старателите во процесот на учење и воннаставните активности

. Родителите, даваат мислења и сугестии за дополни и измени на секаков вид планирања, постојано се информирани за  наставниот  процес преку континуирана соработка  со Училишниот одбор, директорот на училиштето, наставниот кадар, стручната служба, учениците како и преку користење на е-дневник. Даваат поддршка на наставниците за олеснување на работата со ученици со потешкотии во развој и посебно ги поддржуваат соработките за напредување на учениците–таленти. Семејствата помагаат во прибирање на дидактички матерјали, помагала и други наставни средства и матерјали. Им даваат поддршка на реализаторите за иновирање во наставата, помагаат при професионалната ориентација на учениците

Во активностите во училиштето Родителите даваат иницијативи за поуспешна реализација на слободните ученички активности и другите воннаставни активности, натпревари, екскурзии, приредби, манифестации,промоции и др.

 

Во донесување одлуки Преку вклученоста и партиципацијата на родителите во одделни комисии, преку совет на родители, училишна заедница, училишен одбор даваат идеи, предлози и донесуваат одлуки.

 

  • Едукација на родителите/старателите

Едукација на семејството Се организираат едукативни работилници за родители, типизирани предавања и третирање на теми преку соопштенија, флаери, плакети, брошури, училишни весници. Советодавно-консултативни работилници –индивидуални и групни, посета на семејства и др.

 

Изработка на брошура за родители За подготовка и реализација на брошурата се задолжува психологот.

 

8.     Комуникација со јавноста и промоција на основното училиште

Тимска работа и училишна клима

 

Се практикуваат форми на поттикнување на попродуктивна соработка помеѓу наставниците, да се одржуваат ефективни состаноци со конкретни заклучоци, предлози и мерки. Училиштето се залага за зголемено взаемно почитување и доверба, конструктивно решавање на проблемски ситуации, отворена комуникација и интернализација на ВИП – компетенции, да се почитува мислењето на секој поединец, да се биде критичен и самокритичен. Се практикува електронска и усна комуникација. Електронската комуникација се одвива преку затворена група на социјалните мрежи.

 

 

Локална заедница (локална самоуправа, бизнис заедница, местно население..)

 

Комуникацијата е усна, пишана и електронска комуникација, во вид на состаноци, средби, дебати, трибини, посети на институции и бизнис-компании во локалното опкружување, собири и здружувања по одредени случувања во училиштето, се промовираат постигнати резултати од различен вид, промовирање на проектни активности, комуникација со медиуми и др. Со општината за реализација на еколошката програма на локално ниво е потпишан Меморандум за соработка.

 

Институции од областа на културата Задолжително се планираат и се следат објавени конкурси и натпревари на кои се учествува и тоа: литературни и ликовни конкурси, изложби, посета на културно-историски споменици и музеи, библиотеки, театар, ликовни колонии, Дом на култура, кино-сали.Градска библиотека, Пионерски дом  Гевгелија, НМУ„Васо Карајанов“Гевгелија, Ликовна Галерија и Музеј Гевгелија, Театар Гевгелија, КУД Бранд Петрушев и ФА Мегдан од Богданци.

 

Институции од областа на образованието Училиштето својата дејност ја реализира во соработка со МОН, БРО, ДПИ, ЕЛС-Сектор за основно образование, Сектор за основно образование како дел од општината, овластен општински инспектор, актив на директори на ниво на општина: Детска градинка Богданци, ООУ„Кирил и Методиј“ Стојаково, СОУ„Богданци“ преку размена на искуства и кадар, а со факултетите преку можност за изведување пракса на студентите согласно со дејноста.

 

Невладини организации Со НВО се соработува според понудени ресурси и содржини доколку соодветствуваат на програмите на училиштето. НВО Циркл и Полимат13

 

Спортски друштва Училиштето ќе соработува со фудбалски, ракометни, атлетски, и кошаркарски спортски друштва од училиштата од општината и регионот.

 

Здравствени организации Со Здравен дом Гевгелија училиштето ќе соработува заради грижа за здравјето а за безбедноста на учениците и вработените, со центар за социјални грижи, фонд за здравство, осигурителни компании  (осигурителните компании се на доброволна база) и др..

 

Медиуми Со цел на промоција на училиштето ќе соработува со локални ТВ станици, локални радиостаници, весници и др. Лице за контакт со медиуми ќе се одреди во склоп на промовираната активност. Нивна промоција пред медиумите и јавноста ќе се врши преку- училишни флаери, училишен информатор, официјален ФБ профил на  училиштето, соработка со уредниците на детски печат итн.

 

Назив на детски печат

Оддговорен наставник

Росица, Другарче, Наш свет

Камелија Младеновска

Либи

Јованка Прошева

Нумерус

Марија Петрушева

 

9.      Следење на имплементацијата на годишната програма за работа на основното училиште

 

Приоритетни

Начин и време на

Одговорно/н

Кој треба да биде

 

 

подрачја за следење

следење

и лице/а

информиран за следењето

Услови за работа

прашалници, документи, , процесот на набљудување

Комисии

Ученички парламент, Совет на родители, Наставнички совет, Училишен одбор, Совет на општина

Реализација          на задолжителна настава

прашалници, документи, записници и протоколи, дискусии, интервјуа, увид во работата на учесниците, процесот на набљудување

Стручни соработници, Директор,

Ученички парламент, Совет на родители, Наставнички совет, Училишен одбор, Совет на општина

Реализација          на воннаставни активности

прашалници, документи, записници и протоколи, дискусии, интервјуа, увид во работата на учесниците, процесот на набљудување

Стручни соработници, Директор, Совет          на родители

Ученички парламент, Совет на родители, Наставнички совет, Училишен одбор, Совет на општина

Успех на учениците

Увид во евиденција и документација

Комисија

Ученички парламент, Совет на родители, Наставнички совет, Училишен одбор, Совет на општина

Редовност             на учениците

Увид во евиденција и документација

Комисија

Ученички парламент, Совет на родители, Наставнички совет, Училишен одбор, Совет на општина