Годинава во Рим се одржа 11 тата Хипо Олимпијада на којашто во сите Хипо категории

учествуваа 223 финалисти од вкупно 83 295 пријавени учесници од целиот свет.

Нашето училиште оваа година за првпат учествуваше на Хипо Олимпијадата и имаше

директен финалист во категоријата Little Hippo, а тоа е ученичката Катја Гогова под

менторство на наставничката Оливера Прочкова Узунова.

Учесниците се натпреваруваа во познавање на четирите вештини на англискиот јазик :

читање, слушање, употреба на јазикот (Hippo Test) и зборување. Во сите три дела Катја

покажа одличен успех со вкупна реализација на тестирањето од 96,98%. Со овој резултат

Катја се пласира на 7мо место.

Нашето училиште со гордост и го честита успехот и ѝ посакува уште многу успеси во

иднина.

Браво Катја!

Оваа година Македонија имаше уште двe финалистки : Тамара Николовски од ООУ “Гоце

Делчев”, Битола, категорија „Hippo 3“, ментор Сашка Делова и Ана Радеска која се пријавила

на натпреварот минатата година како деветтооделенка на ООУ„Лазо Ангеловски“ по

сопствена иницијатива со голема поддршка од родителите.

ООУ „Петар Мусев“ ѝ го честита првото место на Ана Радеска во нејзината категорија и ѝ посакува уште многу

успеси во иднина.

Hippo е меѓународна олимпијада што се организира со цел да ја промовира важноста на

познавањето на англискиот јазик и да ги зближи децата од различни земји. Оваа година

нашите учеснички добија поддршка и од нашиот амбасдор во Италија, Весел Мемеди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *