Ученичката заедница при ООУ”ПЕТАР МУСЕВ” Богданци спроведе хуманитарна акција за одбележување на 3ти Декември. Акцијата се состоеше во собирање намирници и суровински материјал за готварските работилници во Центарот за лица со ментална и телесна попреченост- Гевгелија и Центарот ‘Мајка Тереза ” Гевгелија.  Овие центри опслужуваат корисници од повеќе општини, вклучувајќи деца,  младинци и возрасни лица од општина Богданци. 

Нашите ученици ја живеат инклузијата секој ден,  учејќи,  другарувајќи и помагајќи на своите соученици со попреченост. Ним им е јасно колку се важни овие готварски работилници, бидејќи ги спремаат лицата со попреченост за функционален и самостоен живот.  Под мотото ‘ Ние подаруваме искрена љубов- вие правите голема уметност од неа” учениците од I до IX одд при ООУ”ПЕТАР МУСЕВ ” Богданци покажаа хуманост, почит и заложба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *