На 29.02 е светски ден на лицата со ретки болести. Учениците од прво одделение се запознаа со тоа што значи ретка болест, кои се предизвиците со кои се соочуваат и како да им помогнеме. Под слоганот „Сами сме ретки, заедно сме силни“ им праќаме порака на сите дечиња со ретка болест – ДРУГАРСТВОТО НЕ ПОЗНАВА ДИЈАГНОЗИ , ДЕТЕТО ГЛЕДА СО СРЦЕТО