ООУ„Петар Мусев“ Богданци ги одбележува неделите на лицата со Даунов синдром и лицата со аутизам (21.03-02.04). Со овој училишен проект ќе бидат спроведени повеќе активности за лицата со Даунов синдром и аутизам соодветни за децата и возраста. Со овој проект учениците ќе се запознаат со карактеристиките, можностите и предизвиците на овие лица. Ќе научат како се прифаќаат различностите, како се инклудираат во друштвото и како изгледа учењето со нив.
Денес 21.03, учениците од I, II, III и IV одделение го одбележува Меѓународниот ден на лицата со Даунов Синдром.
– Преку облекување на различните шарени чорапчиња се покажаа отворените ставови за прифаќање на различностите. Бидејќи денес случајно е и Прв пролетен ден, се направи корелација.
– Се боеа гипсени фигури во боите на пролетта. Овие фигури беа изработени од корисниците на Дневниот Центар за телесна и ментална попреченост Гевгелија. На овој начин им помагаме и нив.
– Преку презентација за Даунов синдром, специјалниот едукатор ги запозна дечињата со состојбата.
ГАЛЕРИЈА