Со последниве две активности се завршува училишниот проект „Недели на Даунов синдром и аутизам“ . Овие две активности беа во корелација со наставни предмети.

  • Првата активност „21 факт за Даунов Синдром“ ја изработија ученички од IX б одделение. Оваа активност од истражувачки карактер беше во корелација со наставниот предмет Биологија. Учениците беа водени од наставничката по биологија.
  • Втората активност – Изработка на стрип „Суперхерој со аутизам“ беше изработена на трите јазика кои се изучуваат во училиштето (Македонски, Француски и Англиски јазик) од учениците од VIIIодделение. Учениците имаа поддршка од наставниците по Англиски, Француски и Македонски јазик, како и од наставникот по ликовно образование. Стрипот се користи во сите овие четири наставни предмети.

Сите активности за учениците беа едукативни, ги развиваа нивните истражувачки вештини и ја негуваа и зацврстуваа веќе постоечката емпатија.

Нашето училиште ќе продолжи да вложува во воспитувањето и едукацијата на учениците, ќе продолжи да ги поттикнува и води со позитивни примери, проекти и активности за афирмација на различноста на децата со попреченост.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *