Денес во текстилната фабрика БРЕБО ЕКОТЕХ учениците од V одделение се запознаа со целокупниот производствен систем. Најпрво ја посетија кројница каде увидоа како се поставува материјалот и како се крои кошула. Видоа различни видови на машини на кои се шијат кошулите. На крајот го видоа завршниот процес на изработените кошули. нивно чистење, пеглање и пакување. Го посетија и везачкото одделение каде се везат различни видови на везови. Голема благодарност на гостопримството и соработката од страна на сите вработени во БРЕБО ЕКОТЕХ и прекрасното искуство!