Во текот на учебната година учениците од IV одделение имаа можност да го искористат стекнатото знаење и креативност и да изработат сопстевен проект по предметот Англиски јазик, според следниот избор на теми:
– My Classroom (Мојата училница)
– My House (Мојата куќа)
– My Family Tree (Моето семејно дрво)
– My Place in the Universe (Моето место во Универзумот)
Учениците се претставија со разнолики идеи: изработка на макета од училница и предметите во неа, изработка на школски ранец и прибор, изработка на макета од куќа и собите и предметите во неа, изработка на семејно дрво, ѕидни весници, изработка на lapbook, мини албуми, мини книги, сликовни картички и слично.
Честитки на учениците за вложениот труд, идеите и нивната презентација на час.