Во рамки на етвининг проектот „СТЕМ во природата“ кој се реализираше од месец февруари до месец мај 2024 година, а чиишто цели беа :1. Да се поддржи подигањето на поединци кои ги штитат нивните простори за живеење и се чувствителни на нивната околина.
2. Придонес за откривање на необновливи и обновливи извори на енергија
3. Промовирање на знаење за обновливите извори на енергија и подигање на свеста
4. Зголемување на интересот на децата за наука, математика и технологија и подигање на свеста
5. Подигнување на свеста за концептот на екологија
6. Подигнување на свеста за климатските промени
учениците истражуваа и правеа експерименти. Тие направија истражувања за обновливите извори на енергија во Македонија. Со своето истражување допринеесоа во креирањето на Климатскиот речник, кој е заеднички продукт од проектот. Беа во посета на природно – научниот музеј во Дојран и учествуваа во манифестацијата „Ден на астрагалусот“ организирана од здружението Полимат13 со цел да дадат поддрша на зачувување на ретките видови на растенија. Со експерименти ја увидоа и измерија потрошувачката на водата и г видоа процесот на филтрација. Во проектот учествуваа учениците од IXб одделение.