Денес на 29.03 во нашето училиште имаше предавање од полициските службеници Кире Ѓоргиевски, Марија Шутарова и Горан Динев и од сообраќајниот инспектор Мирјана Гелебешова. Учениците од V и VI одделение се запознаа за регулирање и безбедност во сообраќајот (хоризонтална, вертикална и светлосна сигнализација) и за сообраќајните знаци кои се изучуваат во предметот Техничко Образование и …
Month: March 2023
Драматизација на текстот “ИЗМАМА” од М. Поповски
Драматизација на текстот “ИЗМАМА” од М. Поповски. Благодарност до сите ученици од 6а и 6б одделение кои донесоа реквизити за поуспешна изведба.
Математички натпревар Кенгур
На 23.03.2023 година се одржа математичкот натпреварот Кенгур, за учениците од.прво до деветто одделение. Многу успех на учесниците!
Ератостеновиот експеримент во нашиот двор!
Ератостеновиот експеримент во нашиот двор! Учениците од шесто одделение, Матеа Стратрова, Фидани Попова, Филип Гогов, Андреј Дуев, Марија Пилитова, Ивана Прошева ги направија мерењата потребни за пресметување на обемот на Земјата по меридијан. Поддршка им беа учениците од осмо одделение кои ќе ги направат пресметките. Учениците Мартин Васиќ и Благоја Аврамов истражија кој бил Ератостен. …
Изработка на брошури за Училишен проект „ Недели на лицата со Даунов синдром и аутизам (21.03 – 02.04)“
Како дел од училишниот проект, се изработија брошури за Даунов синдром. Учениците од V одделение беа многу вредни и со помош нa многу креативност и упорност научија уште нешто ново околу изгледот на брошурите. Учениците во предметна настава со наставникот изработија брошури со компјутерски алатки.
Училишен проект „ Недели на лицата со Даунов синдром и аутизам (21.03 – 02.04)“
ООУ„Петар Мусев“ Богданци ги одбележува неделите на лицата со Даунов синдром и лицата со аутизам (21.03-02.04). Со овој училишен проект ќе бидат спроведени повеќе активности за лицата со Даунов синдром и аутизам соодветни за децата и возраста. Со овој проект учениците ќе се запознаат со карактеристиките, можностите и предизвиците на овие лица. Ќе научат како …
Виртуелна посета на собранието на Република Северна Македонија
На ден 27.02.2022год. Се одржа Виртуелна посета на собранието, каде учениците се здобија со повеќе знаења за нашето собрание. Оваа посета се одржа за учениците од VIII одд под менторство на наставникот Ристо Живковиќ.
HIPPO меѓународен натпревар по англиски јазик
Денес (17.03.2023) се одржа прелиминарниот круг од Хипо натпреварот по англиски јазик. Учество земаа ученици од 4 до 9 одд. Им посакуваме успех на учесниците и пласман за наредниот круг. Ментори на натпреварот: Томида Окова Попва Николинка Ќамилова Оливера Прочкова Узунова Воедно тимот на ментори ѝ благодари на наставничката Ивана Димовска за нејзината соработка и помош …
Математички хепенинг – ,,Ден на бројот ПИ 2023″
Во чест на Денот на математиката, на 14 март, во нашето училиште се одржа Математички хепенинг – ,,Ден на бројот ПИ 2023″ со заеднички активности на учениците од училиштата во општината вклучувајќи ученици од прво одделение до средно образование. Благодарност до учениците и нивните наставници ментори, како и до родителите кои дадоа поддршка во креирање …
Оштински Натпревар по Биологија
На 10.03 се оддржа општински натпревар по Биологија под менторство на наставничката Фиданка Енџекчева во ООУ „Петар Мусев“ каде што присуствуваа ученици од VII – Ива Шапкарова и Пене Енџекчев и од IX одделение учениците Михаела Костадинова и Ангела Пеева. Им посакуваме успех на учениците кои ќе продолжат понатаму!