Во чест на патронот Петар Мусев на 26.04.2023 се оддржа Културно-уметничка програма во прилог – фото галерија од настанот
Month: April 2023
Посета на фабриката БРЕБО ЕКОТЕХ
Денес во текстилната фабрика БРЕБО ЕКОТЕХ учениците од V одделение се запознаа со целокупниот производствен систем. Најпрво ја посетија кројница каде увидоа како се поставува материјалот и како се крои кошула. Видоа различни видови на машини на кои се шијат кошулите. На крајот го видоа завршниот процес на изработените кошули. нивно чистење, пеглање и пакување. …
Посета на печатница Софија
Нашите ученици од V и VI одделение на 12 и 13 април ja посетијa печатница Софија – Богданци. Учениците имаа можност практично да го видат процесот „Од идеја до реализација”, графичко дизајнирање, цртање, печатење, бигување, лепење, изработка на картон па се до финална амбалажа. Сите ученици си добија подарок папка за документи! Им благодариме на …
Корелација на проектот „Недели на Даунов синдром и аутизам“ со наставни предмети
Со последниве две активности се завршува училишниот проект „Недели на Даунов синдром и аутизам“ . Овие две активности беа во корелација со наставни предмети. Првата активност „21 факт за Даунов Синдром“ ја изработија ученички од IX б одделение. Оваа активност од истражувачки карактер беше во корелација со наставниот предмет Биологија. Учениците беа водени од наставничката …
2ри Април – Светски ден на лицата со аутизам
2ри Април е Светски ден на лицата со аутизам. Нашите ученици од IX одд се потрудија да направат видео во кое зборуваат за аутизмот. Оваа видео коe е дел од училишниот проект “Недели на Даунов Синдром и Аутизам” учениците го спремија со поддршка од наставникот по програмирање и училишниот спец.едукатор. Слушнете ги нивните изјави, размислувања. …
1-ви Април – Ден на шегата
ООУ „“Петар Мусев“ и оваа година го обележи 1-ви Април – Денот на шегата. Настанот се случи во паркот на општина Богданци, настанот беше од отворен карактер. Во прилог е галерија од настанот